Газда на фирма ќе одговара кривично: Не го заштитил работникот, кој починал на работното место
СВР Струмица поднесе кривична пријава правно лице од с.Вешала, тетовско, и Р.Х.(54) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,непреземање мерки за заштита при работа’’
Првопријавеното правно лице и второпријавениот одговорно лице во правното лице, не презеле мерки за безбедност и здравје при работа на работниците, за работни места на градилишта, а како резултат на тоа вработениот Б.З.(60), при вршење на градежни активности – 12.12.2024 паднал и починал на местото на настанот.
17.02.2025 - 17:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа