Газдите се жалат: Се потешко наоѓаме работници во Македонија

 

Преку организиран саем за вработување бизнис заедницата се обидува да најде  работна сила. Компанииите велтат дека е многу тешко да се најде работник, бидејќи како што велат сменети се времињата,  сега работниците се тие кои што бираат компании а не како во минатото кога компаниите бираа работници. Други пак посочуваат дека работник е лесно да се најде, меѓутоа тешко е да се задржи.  

„Наоѓањето работник во денешно време е  баш проблем генерално тоа е проблем на повеќето фирми се трудиме на секопј можен начин да најдеме соодветен кадар затоа сме тука да го посетиме саемот и да дојдеме до кадар кои што ќе е соодветен за нашите потреби.“

Соња Атанасовска – Специјалист за човечки ресурси:

„Можеме да кажеме дека се наоѓаат работници се снаоѓаме во моментов. Меѓутоа многу е тешко да се задржи работник, поради тоа што се сменија времинњата, сега се повеќе работниците тие што бираат компании а не како порано компаниите кога бираа работници. “ Се повеќе се освестуваат компаниите дека треба да вложуваат во своите вработени и да им даваат што повеќе бенефити за да ги задржат поради тоа што е голема конкуренцијата компетитивни плати и компании сменета е реалноста од пред пет – 10 години. “ Ние како фирма се трудиме на нашите вработени да им обезбедиме безбедни услови на работа редовни месечни примања почитување на законски регулативи исплата на ноќен труд исплата на празници доколку работат. “

Работниците пак посочуваат дека задоволни се од условите кои што ги нудат компаниите, но не и од платите. 

„Колку сте задоволни од ускугите кои што ги нудат компаниите? - Сум задоволен но, платите не се баш како што треба. “

„Па плативе баш така и вака се не се баш ама океј се пак.“ 

„Миминалната плата добро 22илјади но малку е, не не сум задоволен.“ 

Државниот завод за статистика пред два дена објави дека во Македонија на пазарот на труд има 10илјади слободни работни места. Најмногу работници се потребни во секоторите на трговија на големо и мало и преработувачката индустрија.

Дел од стопанствениците решија преку увоз на работна сила да ги пополни дупките на пазарот на труд но, се помалку таа мерка дава резултат, бидејќи голем дел о работниците кои се дојдени од Непал или Бангладеш за брзо време бегаат во западноевропските земји.

04.12.2024 - 17:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега