Герасимовски: Останете трудољубиви и борбени за вашата видливост и признавање на успесите, јас сум тука да ве поддржам
Денеска на Меѓународниот празник на жената 8ми март, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ Душко Коцевски и Вангел Андревски Раководител на финансии и стратешки развој им поделија рози на жените во Дебар Маало и Буњаковец.
„Вие сте столбови на семејствата, но истовремено и суштински дел од политичкиот,општествениот, економскиот и културниот живот во секое општество. Затоа го заслужувате секое признание за вашата храброст, истрајност, достоинство и посветеност. Ви ги честитам успесите, бидејќи вашите секојдневни достигнувања се пресликуваат врз македонското општество, правејќи не сите нас горди. Останете трудољубиви и борбени за вашата видливост и признавање на успесите“, порача Герасимовски.
Претходно Герасимовски им го честиташе празникот на колешките во општината и изрази поддршка за нивните активности. Тој пред нив рече дека, храброста на жените е движечка сила за прогресот на општеството, секогаш и секаде, затоа родовата еднаквост не е само прашање на основни човекови права, туку е основа за просперитет и одржлив развој на државата. Ја имате мојата поддршка, им порача Герасимовски на вработените.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа