Германците поради пандемијата трошат повеќе вода
Во Германија, потрошувачката на вода се зголемила минатата година поради пандемија.
Како што се наведува, дневно се потрошени 129 литри по глава на жител, што е за четири литри повеќе од претходната година, објави германското водостопанство (БДЕВ).
„ Работа од дома, ограничен контакт и недостаток на патувања доведоа до тоа граѓаните да поминуваат повеќе време дома и да трошат повеќе вода таму“, изјави директорот на БДЕВ, Мартин Вајанд, додавајќи дека тие ги мијат рацете почесто и подолго.
Исто така, домаќинствата трошеле повеќе вода, бидејќи помалите бизниси, како што се рестораните, ја намалиле нивната потрошувачка поради мерките за заклучување.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа