Германија: Пакувале кокаин во кутии за банани

 

Вработените во повеќе германски супермаркети во Берлин и во Бранденбург откриле повеќе од сто килограми кокаин во пакетите со банани.

Полицијата почна истрага и се вршат проверки во маркетите, бидејќи не е познато колку дрога има во пакетите со банани, како и во колку продавници се дистрибуирани такви пратки.

Во Бранденбург во најмалку четири продавници пронајдени се од 20 до 100 килограми кокаин скриен во пакетите со банани.

25.04.2024 - 17:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега