Обвинителство: Тоа што Кешишев ја смени изјавата не ни значи многу - имаме докази
Пред денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче, обвинителката Ана Стојковиќ-Димитровска рече дека Обвинителството има цврсти докази дека Љупчо Палевски е сторител на убиствата, и дека промената на исказот на обвинетиот Влатко Кешишев нема никаква доказна вредност.
„Изјавата на Кешишев нема доказна вредност, затоа што и тој и сите други обвинети на крајот од судската постапка ќе дадат своја одбрана, свој исказ, и своја одбрана која ќе биде подложена на прашања од ситте страни и да се расчисти случајот. После вербалните докази, ќе бидат изведени и материјалните докази. Имаме материјални докази дека Палевски е сторител на делата“, рече Стојковиќ-Димитровска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа