Германија „за“ легализација на канабисот од 1 Април
По долги преговори, партиите на Германската владеачка коалиција ги прецизираа деталите за легализацијата на канабисот.
Формално, законот треба да биде усвоен од Бундестагот на 19 Февруари а потоа препратен до Бундерсратот каде се очекува да помине без никакви пречки.
„Прописите се вистинска пресвртница за модерна политика за дроги која ја зајакнува превенцијата и ја подобрува заштитата на здравјето, децата и младите“ - сметаат од владеачката коалиција.
Со овој закон, во иднина возрасните ќе може да одгледуваат канабис во својот дом и да поседуваат мали количества. Од 1 јули и на клубовите ќе им биде дозволеноз аедничко одгледување.
Она за што стравуваат дел од пратениците е дека „луѓето ќе пушат трева буквално на секој чекор“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа