Викендов одложете ги прошетките: УХМР најавува невреме

 


Времето утре променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во источните и јужните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен дожд, повремено пороен проследен со појава на грмежи и засилен северен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во недела времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови (над 30л/м2).

Повремен локален дожд ќе има и во понеделник претпладне. До среда ќе дува засилен северен ветер.

23.05.2025 - 18:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега