„Ги гледам резултатите и веднаш знам дали пациентот јаде лук“ - кардиолог откри како тоа го препознава

 

Дали сте знаеле дека лукот има вакво дејство?

Лукот е составен дел од вкусните рецепти, но и е неизбежна намирница доколку сакате да се храните здраво.

Иако постојано слушаме за сите благотворни дејства на лукот, кардиологот д-р Стивен Гандри рекол дека лукот е една од најпотценетите намирници, кога станува збор за здравјте на срцето и крвните садови.

„Лукот не е само одличен пробиотик, кој овозможува „цветање“ на цревните бактерии. Има и јако антибактериско дејство поради што тие кои го јадат имаат помалку наслаги на артериските ѕидови“, рекол д-р Гандри.

Во штоа е тајната? Д-р Гандри ја застапува инфективната теорија на болестите на срцето, односно теоријата по која одредени бактерии, вируси и паразити предизвикуваат наслаги на ѕидовите на артериите и ја загрозуваат нивната состојба, водејќи до кардиоваскуларни болести.

Атеросклерозата и болестите на артериите настануваат токму поради тие наслаги, а лукот како моќен сојузник на организмор против ваквите напаѓачи им помага на крвните садови да останат чисти.

„Луѓето кои јадат лук имаат помалку такви наслаги. Имав пациенти на кои им предвидував лоши резултати, а кога ќе направевме анализи сепак немаа наслаги“, вели докторот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2021 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега