Ги рушиме стереотипите градејќи свест за родова еднаквост и сечија припадност кон заедницата

Со културниот перформанс како дел од настанот „Простор за разговор“, денеска во Домот на културата во Битола ја подигнавме свеста за родовата еднаквост.
Настанот е дел од проектот „Простор за разговор“ со кој преку уметност, танц, театар и филм сплотени во еден перформанс се зајакнува чувството на припадност кон заедницата и ги поттикнуваме маргинализираните и социјално ранливите да се вклопат во заедницата.
„Заедно со ХЕРА успеавме да направиме еден поинаков осврт на темата. Како уметник сметам дека е многу важно да можеме на друг начин да придонесеме во општеството и навистина се радувам на оваа соработка“,рече Рисма Рисимкин, уметник и универзитетски професор.
Од ХЕРА велат дека е важно отворено да се разговара на темите кои ја засегаат родовата еднаквост, бидејќи станува збор за ситуации и состојби од нашето секојдневие за кои треба да сме свесни и кои треба да ги уважиме. Младите повеќе од било кога имаат потреба од слободни и безбедни простори каде што ќе се информираат и ќе споделат за да во иднина бидат безбедни и здрави.
,,Сакаме општество во кое граѓаните се информирани, слушнати и поддржани преку разбирање и прифаќање на родовата еднаквост која е основа за слободен израз и остварувањето на сечиј потенцијал“, рече Драгана Каровска Чемерска од ХЕРА, која е и координаторка на проектот.
Психологот, Александра Мицевска вели дека родовата нееднаквост има реперкусии за менталното и физичкото здравје.
,,Еднакви права не значи помалку права за еден или друг, не се потребни поделби бидејќи не носат ништо добро.   Во поглед на родовата еднаквост, секој од нас е камче од мозаикот во големата слика, и ако сакаме да имаме општество во кое секој еден може да си дојде до израз, потребен е придонес и од мажите и од жените”, вели Мицевска.
Настаните се во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар, поддржани од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамки на регионалниот проект  за социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан.
 „Простор за разговор“ на почетокот на јуни ќе се изведува на културните сцени во Охрид и Струга.

 

23.05.2024 - 17:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега