Ги водеше истрагите против Рашковски и големите заплени за дрога - Лазе Велковски пензиониран по брза постапка

Началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во МВР Лазе Велковски бил пензиониран по брза постапка. 

Велковски беше дел од истрагите против Драги Рашковски, за незаконските патни исправи, за  бегството на наркобосовите по акцијата во Сарај и Ченто. На Велковски не му било овозможено да го искористи законското право за продолжување на работниот стаж во МВР за уште пет години. 

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека тој исполнил 40 години работен стаж и затоа заминува во пензија. Решението за неговото пензионирање е потпишано од министерот Оливер Спасовски.

На началничката позиција во организиран криминал е назначен Ветон Кранлиевски, советник во кабинетот на министерот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега