Ги затекнале додека товарат украдени предмети во кола: Приведени три лица
Денеска, во 2.30 часот, на регионалниот пат Неготино – Градско, кај циглана во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Д. К. (19) од Велес, С. Т. (25) од селото Црвени Брегови, Неготинско, и еден малолетник.
Тие се затекнати како товарат предмети во патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, и при преглед во возилото пронајдени се предмети што ги одзеле од двор на фирма во Неготино.
Пронајдените предмети и возилото се одземени, за настанот се запознаени адвокат за малолетници, Центарот за социјални работи и јавен обвинител. Д. К. и С. Т. се задржани во полициска станица и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа