Лила неутешна: Нити можеме да не жалиме нити труби да викнеме

 

Македонската водителка Лила Филиповска на својот Инстаграм профил сподели емотивен статус и видео од Андреј ДНК, кој е една од трагично загинатите жртви во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

- Нити можеме да не жалиме нити труби да викнеме. До ништо не ни е Андреј. Како да не жалиме по едно убаво, културно насмеано дете полно со љубов за сите, љубов која несебично ја делеше каде и да одеше. И да, ветувам дека веќе нема да патетизирам … уште ова скратено видео како уште еден доказ каков ЧОВЕК беше ти. Пеј со ангелите а ние ќе ги пееме твоите хитови и ќе дигнеме глава нагоре затоа што знаеме дека не чуваш од горе, напиша Лила.

Инаку, Андреј Ѓорѓиески, пејачот од дуото ДНК беше погребан на градските гробишта Бутел, на 20 март, во 10 часот.

За жал во пожарот загинаа 59 лица, а околу 200 се повредени и се лекуваат во Македонија, регионот и странство.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

26.03.2025 - 10:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега