Го намалуваат холестеролот и нивото на шеќер во крвта, помагаат при слабеење - овие семки ги нарекуваат суперхрана
Денес често нè советуваат да ги избегнуваме грицките, но тие не мора и нужно да бидат лоши. Семките од тиква се пример за совршена "занимација" со добар филм или натпревар.
А како бонус на тоа, тие се и одличен начин за во нашиот организам да ги внесеме потребните нутритиенти и да направиме нешто добро за нашето здравје.
Тиквите и сами по себе се исклучително здрави, но нивните семки содржат многу квалитетни состојки кои што му се потребни на нашето тело, како на пример магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк и витамин К. Тие изобилуваат и со протеини, магнезиум, влакна, манган и фосфор.
Семките од тиква може да се консумираат сирови или запечени во рерна, но не на повисока температура од 170 степени Целзиусови, а сосема им се доволни околу 15 минути. Тие можат да бидат одличен додаток и на салатите, супите и сосовите, а еве и зошто би требало да ги консумирате почесто:
1. Се борат против ракот
Истражувањата на германските научници откриваат дека жените кои што минувале низ менопауза и секојдневно консумирале семки од тиква, имале за 23 отсто помал ризик за настанок на рак на дојка, а до истиот заклучок дошле и шпанските научници во друга студија. Тие пак заклучиле дека семките од тиква содржат соединенија кои што успешно се борат против клетките на ракот од различни видови и имаат антивоспалително дејство.
2. Ги ублажуваат симптомите на менопауза
Не само што ги намалуваат шансите за жените уште во средни години да заболат од рак, туку и им помагаат за подобрување на расположението и ги ублажуваат симптомите на менопаузата. Семките од тиква ги регулираат нападите од жештини, помагаат при главоболка, ја намалуваат болката во зглобовите и ги намалуваат честите промени на расположението.
3. Го намалуваат холестеролот
Ако имате висок холестерол, семките од тиква се совршен избор бидејќи како што покажаа бројните истражувања, тие можат да го намалат нивото на лошиот холестерол за 13 отсто, а нивото на вкупниот холестерол за 10 отсто. Исто така, го намалуваат и ризикот за настанување на крвни згрутчувања, болести на кардиоваскуларниот систем, мозочен и срцев удар, и го регулираат крвниот притисок.
4. Штитат од дијабетес
Семките од тиква се богати со здрави незаситени масни киселини, а научниците заклучија дека се ефикасни и во регулирањето на нивото на шеќерот во крвта. Токму затоа, овие семки им се препорачуваат на дијабетичарите, и тоа за секојдневно консумирање.
5. Помагаат при слабеење
Бидејќи се исклучително богати со влакна и протеини, долго ќе ве држат сити. Само 30 грама семки од тиква содржат околу 5 грама протеини, но и околу 285 калории по шолја, па токму затоа консумирајте ги умерено.
6. Се борат против депресијата
Не само што го подобруваат физичкото здравје, туку имаат и благотворно влијание на психичкото здравје, односно ги намалуваат симптомите на депресија, нивото на стрес и анксиозност.
7. Ги ублажуваат симптомите на артритис
Научниците заклучиле дека семките од тиква имаат антивоспалително дејство кое што ги ублажува симптомите на артритис. Само 30 грама семки од тиква, дневно, се доволни за да се олеснат симптомите на артритис.
8. Го спречуваат настанокот на остеопороза
Семките од тиква се одличен извор на цинк, минерал кој што е неопходен за изградба на коските. Само ¼ шолја семки од тиква содржат 17 отсто од препорачаната дневна доза на цинк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа