Го нарекуваат најздравото зеленило на светот: Помага при регулација на холестеролот и е преполно со витамини и минерали
Кељот се смета за еден од најздравите и најхранливите видови зелен лиснат зеленчук. Важи за супер храна полна со корисни соединенија кои имаат моќни лековити својства.
Постојат многу начини како да се консумира оваа намирница во сиров или зготвен облик. Повеќето луѓе претпочитаат да готват кељ, повеќе отколку да го јадат сиров, со цел да се отстрани горчината на овој зеленчук.
Во продолжение неколку здравствени предности и зошто е добро да го вклучите во вашата редовна исхрана во различни форми.
Помага во регулирање на холестеролот
Консумацијата на кељ ја забрзува синтезата на желудочна киселина во телото, а со тоа помага во регулирање на нивото на холестерол. Помага при превенција од разни кардиоваскуларни заболувања и е добар за здравјето на срцето.
Помага во одржување на здравјето на коските
Кељот е богат извор на калциум, фосфор и витамин К. Помага во подобрување на густината на коските и го намалува ризикот од остеопороза и фрактури.
Ризница на минерали
Кељот е богат со есенцијални минерали како калиум и магнезиум. Додека калиумот помага во намалување на ризикот од срцеви заболувања и управува со крвниот притисок, магнезиумот помага да се заштити телото од дијабетес тип 2.
Помага во одржување на здравјето на очите
Кељот помага во подобрување на здравјето на очите и ги штити од штетните УВ зраци. Богат е со каротеноиди, вклучувајќи зеаксантин и лутеин кои помагаат во подобрувањето на видот.
Богат е со антиоксиданти
Кељот е богат со антиоксиданти како витамин Ц и бета каротен. Тие помагаат во сузбивање на оксидативната штета кои ја нанесуваат слободните радикали во телото, што може да го зголеми ризикот од рак и да го забрза процесот на стареење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа