Го нарекуваат „осамен волк“, има 66 години, а по богатство го престигна и Ворен Бафет: Со што се занимава овој човек
Жонг Шаншан е милијардер од Азија кој што ретко е цитиран во печатените медиуми.
Сега, по неверојатната кариера во новинарството, одгледувањето печурки и здравствена заштита, стана најбогатата личност во Азија, оставајќи ги Индијците Мукеш Амбани и групата кинески технолошки тајкуни во сенка, вклучувајќи го и сопственикот на „Алиибаба“ - Џек Ма.
Неговата нето вредност оваа година пораснала од 70.9 милијарди долари на 77.8 милијарди долари, што го прави 11-та најбогата личност на планетата, а денеска е побогат и од Ворен Бафет, според листата на Блумберг.
Тоа е една од најбрзите акумулации во богатството на историјата, особено имајќи предвид дека оваа година беше малку познат и надвор од границите на Кина.
Жонг (66) не се занимава со политика и неговите работни интереси не се испреплетени со други богати семејства како тајкуните, поради што локално е познат како „осамен волк“, пренесува Блумберг.
Својот успех го должи на две неповрзани области. Директор е на фармацевтска компанија, а сопственик е и на „Нонгфу Спринг“ - производство на флаширана вода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа