Годинава Стојанче ќе го изненади снегот
Координативна средба за справување со снегот зимава одржаа надлежните институции. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вели дека оваа година институциите нема да бидат изненадени од снегот.
-Сакам да укажам и да апелирам до граѓаните да ги раздвојат фактите од вообичаените мислења коишто може дека се прочитаат на социјалните мрежи секоја година, дека снегот повторно ги изненади надлежните институции. Оваа година надлежните институции нема да бидат изненадени бидејќи од она што можевме да го слушнеме на оваа координативна средба капацитетите на Јавното претпријатие за државни патишта, како и Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта се целосно подготвени. Бројот на камиони е доволен за територијата на државата како и должината на патиштата, рече Ангелов.
Вели дека доколку има потреба од сопирање на сообраќајот на некои критични точки, МВР да испрати засилени екипи.
-Исто така од ЦУК на располагање имаме два тима со т.н. АТВ возила со гасеници коишто се оспособени, односно имаат и обука и опрема за да стигнат до непристапни места.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа