Голема трагедија: Загина млад скопјанец во тешка сообраќајка, жена и две деца в болница

Триесет и деветгодишен маж од Скопје загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа околу два часот по полноќ се случила на експресниот пат Штип-Кочани, соопштија институциите.

НЕсреќата била пријавена нешто 2 и 20 часот утрово, а според неофицијални информации учествувало едно возило марка рено лагуна со скопски таблици.

Несреќата се случила кај селото Крупиште, а според полициски информации загина 39 годишен скопјанец, додека жена и две деца се итно пренесени во болница со повреди.

06.05.2024 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега