Гори на Крит

Во област со ниска вегетација, во општина Ретимно во централниот дел на грчкиот остров Крит, денеска избувна пожар, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за превентивна евакуација на жителите на едно населено место, јави дописничката на МИА од Атина.

Во гаснењето интервенираат над 100 пожарникари со пешадиски тима и 27 возила, како и три хеликоптери, а помагаат и цистерни од општините.

Од бројот 112 првично беше испратена порака со предупредување до жителите да бидат во состојба на готовност, а подоцна следеше и втора порака за превентивна евакуација.

Според грчките медиуми, пожарот има три жаришта, но засега не претставува директна опасност за населени места.

07.08.2024 - 18:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега