Продолжува топлото време – температури до 39 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Според најавите на УХМР, слично време ќе се задржи и во наредните денови - сончево, многу топло и со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа