Гостите во „Александар Палас“ се враќаат во собите, лажна била дојавата за бомба
Заврши евакуацијата во хотелот Александар Палас по денешната дојава за поставена експлозивна направа.
Гостите се враќаат во објектот, од кои некои со себе понесоа и куфери.
Покрај овој хотел, утрово дојави за бомби имаше на скопскиот аеродром, во Националната арена „Тоше Проески“, зградата на ФФМ, ТЦ „Ист Гејт“, хотел „Мериот“, хотел Сенигалиа.
Голем број дојави за бомби стигнаа и во 10 училишта во Скопја и 5 во Битола.
16.12.2022 - 11:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа