Град Скопје: Решени се 1 638 барања кои пристигнале на електронската адреса
Решени се вкупно 1 638 барања кои пристигнале на електронската адреса за комуникација со граѓаните на Град Скопје, на која граѓаните пријавиле проблеми од областа на сообраќајот, прашања поврзани со даноците на имот, како и барања поврзани со комуналниот сектор и кастрење суви гранки, сечење стари и суви дрвја и уредување на јавни зелени површини
Како што информираат од Град Скопје, на електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се пристигнати 1 893 барања, а дел од прашањата на граѓаните се однесуваат и за доделувањето на субвенции за инвертери, велосипеди и за електрични тротинети.
На оваа адреса, граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа