Мицевски: Маските паѓаат - Битиќи глуми жртва

 

Маските паѓаат!

На денешната седница на Собранието на Република Македонија, каде што тема е Ребалансот на Буџетот, му реплицирав на поранешниот вицепремиер од Владата на ДУИ и СДС Фатмир Бетиќи.

Откако го соочив со вистината и му искажав неколку факти, некогашниот вице премиер во очигледна нервоза и паника, видно изнервиран го покажа вистинското лице.

Почнаа навреди за семејство, за новинарите!, изјави од говорница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски. 

„Маските паднаа и се виде вистината.

А, вистината можете да ја видите на видеото.

Може да се види нервоза, агресивност, дрскост и еден исплашен човек.

Човек кој мисли дека ако навредува и глуми жртва некој ќе му се смилува.

Дека одговорноста за постапките ќе биде заборавена.

Е вакви луѓе ни ја воделе државата, вакви луѓе ја кроеле нашата судбина.

Добро е ова видео да има јавна осуда - за никогаш повеќе вакви луѓе или слични на нив не дојдат во можност да водат институции или сериозни процеси во нашата држава“, додаде Мицевски.

22.07.2025 - 17:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега