Град Скопје: Следните денови ќе изнајдеме прифатливо решение за изградбата на Универзална сала
Денес на заедничка средба во градот Скопје помеѓу градоначалничката Данела Арсовска, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, донесовме заеднички заклучок дека изградбата на Универзалната Сала во Скопје е од исклучителен интерес за скопјани, но и за цела Македонија, е посочено во соопштението од Град Скопје.
„Се договоривме дека во следните денови ќе изнајдеме заедничко прифатливо решение за да продолжи изградбата во интерес на граѓаните и за истото ќе ни се обрати министерството со писмено барање за што ќе се изјасниме откако ќе го добиеме официјалното барање“, потенцираат од Град Скопје.
Универзалната сала, како што додаваат, е симбол на Скопје и споменик на културата, и за нејзино возобновување е потребно издржано и заедничко решение кое истовремено ќе биде и безбедно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа