Градежен инспектор од Куманово заработи кривична - го оштетила буџетот на општината за 500 илјади денари
Полицијата поднесе кривична пријава против градежен инспектор во општина Куманово поради злоупотреба на својата положба каде го оштетила буџетот на општината за близу 500 илјади денари.
„Пријавената, градежен инспектор во општина Куманово, извршила инспекциски надзор на објект во Куманово и констатирала бесправна градба, за чие отстранување наместо да го задолжи правното лице, донела заклучок отстранувањето да го изврши општина Куманово, со што го оштетила буџетот на општина Куманово за износ од 498.503 денари“, велат од МВР.
04.02.2025 - 16:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа