Градоначник на Дубровник се вклучи на Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ: Ја претстави алатката Око за Дубровник
На денешниот настан Отчет-Саем, четири години работа за тебе на панелот посветен на меѓународна соработка се вклучи и градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ. Франковиќ го пренесе искуството што се прави во Дубровник за градот да биде транспарентен, а граѓаните задоволни од работата на градските власти.
Франковиќ претстави неколку алатки кои помагаат во насока на тоа граѓаните да бидат задоволни и да учествуваат во работата на градот.
„Граѓаните не плаќаат да работиме и ние им служиме нив. Оттаму за да се зголеми транспарентноста ние воведовме пракса на веб-страницата да се објавуваат сите сметки, сите плаќања кои ги прави градот. Така тие на дневна основна се информирани каде одат нивните пари, за што ги трошиме ние како градска власт“, информира Франковиќ.
Освен што го тргаме сомнежот дека нивните пари се трошат за непотребни работи, ние исто така направивме алатка со која тие не информираат за проблем и ние го решаваме во најбрз можен период.
„Имаме алатка Око на Дубровник. Секој наш граѓанин што ќе ја симне апликацијата може да слика и да не извести за проблемот. Со ова практично секој граѓанин е комунален редар е наш комунален редар. Значи снима или слика каде има нешто што е погрешно, или ако има смет и ни праќа веднаш. За оваа цел ние формиравме тим за интервенција кој реагира веднаш“, соопшти Франковиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа