Градот Скопје распредели 13,3 милиони денари за 177 проекти

 

Градот Скопје донесе одлука за распределба на предвидените 13.300.000 денари за вкупно 177 проекти во областа на културата во 2022 година.

На јавниот повик објавен во октомври минатата година, од Градо Скопје, информираат дека пристигнале 564 апликации.

Во областа на визуелните уметности и уметност на новите медиуми поддржани се 29 проекти со вкупна вредност од 1.482.000 денари;

Во областа на изведбените уметности  поддржани се 24 проекти со вкупна вредност од 2.785.000 денари;

Во областа на музичките уметности поддржани се 65 проекти со вкупна вредност од  6.433.000 денари;

Во областа на издавачката дејност и библиотекарство поддржани се 20 проекти со вкупна вредност од 960.000 денари;

Во областа на меѓународната соработка поддржани се 24 проекти со вкупна вредност од  1.100.000 денари;

Во областа на  културниот туризам, промоција на културното наследство и музејска дејност поддржани се 15 проекти со вкупен износ од  540.000 денари;

Листа на поддржани проекти, како што информираат од Град Скопје, може да се најде на следниот линк.

13.04.2022 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега