Градскиот парк во Велес скоро еден месец минимално осветлен

 

Градскиот парк во Велес, единствената поголема зелена оаза на велешани за рекреација и спорт во градот, скоро еден месец почнувајќи од 16 декември е минимално осветлен, со одлука на локалната власт за штедење на уличното осветлување.
 
Во паркот работи една на четири до пет поставени светилки. Граѓаните кои се посетители на Градскиот парк предуредуваат дека поради минималното осветлување има опасност за крадење на урбаната опрема и други реквизити, како и на млади дрвца и садници.

Рекреативците, а посебно спортистите и атлетичарите кои секојдневно трчаат и вежбаат на отворено  во паркот и се спремаат за натпервари, остро реагираат до локалната власт за минималното осветлување во Градскиот парк. Тие за МИА, посочуваат дека не е безбедно да се тренира по 16:50 часот кога се затемнува и се вклучени минимален број на светилки.

Спортистите бараат од локалната власт да го врати целосното осветлување на Градскиот парк кој им е единственото место за бесплатно спортување на справите кои во 2016  години ги постави Агенцијата за млади и спорт.

 

Враќање на целосното осветлување на паркот бараат и рекреативците и сите граѓани кои го посетуваат и уживаат во Градскиот парк во сите годишни времиња.

13.01.2023 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега