Полицијата при контрола сопрела скопски автомобил: Возачот и двајца сопатници веднаш уапсени
Лишени од слобода биле три лица во Неготино, во возилото им била пронајдена тревкаста материја, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.
– Денеска во 1:55 часот во Неготино, од страна на полициски службеници, лишени се од слобода И.Ј., на возраст од 22 години од Скопје и М.С., на 22-годишна возраст и Р.К., 21-годишно лице од село Тремник-Неготино. При контрола на патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблици, управувано од И.Ј., а како сопатници во возилото биле М.С. и Р.К., кај Р.К. била пронајдена тревкаста материја, појаснуваат од СВР - Велес.
По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа