Грчев: Сегашниот државен грб е фаличен, вадењето на петокраката го осакати
Професорот и автор на македонското знаме, Мирослав Грчев вели дека проблем со знамето е тоа што ништо не се сменило откако тој го дизајнирал неговиот предлог за нов државен грб. Тој беше гостин во емисијата „24 анализа“.
-Тој предлог е една современа дизајнерска интерпретација на еден од старите македонски земски грбови кои што можеа да се видат во книгата на Матковски – единствениот научен и веродостоен извор за македонските земски грбови од 16,17 и 18 век. Тоа тогаш беше единствен извор. Не сум се занимавал со науката за грбовите, меѓутоа тогаш беше поставен и имаше и јавен конкурс. Не можете да очекувате успех од конкурс доколку во него барате и мотив и дизајн. Се немаше никаква идеја и практично остана без резултат. Не можете да одлучувате меѓу добар дизајн на нешто што мислиме дека не треба да биде и на лош дизајн на мотив кој е направен со две леви раце. Потоа се водеше продолжена дискусија околу прилагодување на некои решенија. Јас од почетокот работев на модернизација и нова интерпретација на мотивот златен лав на црвен штит. Тоа беше изборот. Остана тоа како дискусија која не можеше да ги собере политичките актери околу неа, рече Грчев при гостувањето.
Според него, на грбот му фали петокрака.
-На грбот му фали петораката затоа што од секој аспект нејзиното вадење е несмасно и од историски и од дизајнерски апскет. Тоа е венец кој завржува со класје и класјето се спојува – тоа не постои, венците се знае дека тргнуваат од долу и завршуваат и тие го држат и мотивот и штитот и основната порака. Вадењето на петокраката беше политички чин и огрдување, осакатување на овој грб што го имаме сега кој стои како фаличен. На него е извршен акт со несмасна рака, погрешен мотив и некомпетентна акција. Сегашниот грб е проблематичен само по тоа што не соодветствува бидејќи не личи на себе со извадениот најуниверзален знак, изјави Грчев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа