„Грешка во автоматскиот превод“: Мета се извини што на палестинските корисници им го додаде зборот „терорист“

 

Мета се извини откако го вметна зборот „терорист“ во описот на профилот на некои палестински корисници на Инстаграм, што го обвини за „грешка во автоматскиот превод“.

Проблемот ги погоди корисниците на кои во описот на нивниот профил е напишан зборот „Палестинец“, палестинското знаме и зборот „алхамдулила“ на арапски.

„Фала му на Бога, палестинските терористи се борат за својата слобода“, гласи реченицата по автоматскиот превод, пренесува Гардијан.

20.10.2023 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега