Грин Машинс на БРАКО склучи соработка за продажба на возила во Мексико со мексиканскиот застапник Мегамил

 

Брендот возила за чистење на урбани средини Грин Машинс на БРАКО, склучи соработка со Мегамил запродажба на македонските возила на пазарот во Мексико. 

Возилата на Грин Машинс беа промовирани на официјален настан во седиштето на застапникот, на којприсуствуваа оперативниот директор на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, директорот на американскатафилијала на Грин Машинс, Александар Младеновски, генералниот директор на Мегамил Марко Мендоза, како и голем број на почесни гости и потенцијали купувачи.

Анѓушев и Мендоза меѓусебно си честитаа за остварената соработка и изразија надеж дека голем број намексикански градови ќе се придружат на листата на чисти градови кои ги користат специјализиранитевозила на Грин Машинс.

Компанијата Мегамил повеќе од две децении се занимава со увоз на машини за хигиена од врвни светскибрендови од САД и Европа, а располага со мрежа за продажба во сите градови во Мексико.

23.03.2024 - 13:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега