Грковска: Потребни се храбри луѓе на сите нивоа за да се справиме со корупцијата

 

Потребни се храбри луѓе на сите нивоа за да се справиме со корупцијата, истакна вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење во техничката Влада, Славица Грковска на јавната дискусија на универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон на која учествуваше и Едвард Џозеф, експерт за Балканот и виш соработник на Институтот за надворешна политика на овој Универзитет.

Во дискусијата на тема „Зошто е толку тешка борбата со корупцијата во мојата земја“, вицепремиерката Грковска, како што оопшти нејзиниот кабинет, се осврна на бројните предизвици со кои се соочува Северна Македонија на ова поле, како и на напорите и политиките кои се преземаат за јакнење на антикорупциските механизми.

-И покрај гласноста на одредени поединци, уверена сум дека не може да биде неуставно доколку некој сака да дефинира постапка, уредена во закон, за да може надлежните институции да постапуваат и да отворат предмети за лица кои се на црна листа во САД“. Таа додаде дека како држава, не може да го игнорираме фактот и да не преземаме ништо кога САД, како наш најголем сојузник и партнер, санкционира лица заради вмешаност во корупција и организиран криминал во нашата земја, истакна вицепремиерката коментирајќи ја нејзината иницијатива за измени на Законот за рестриктивни мерки во насока на проширување на основите за изрекување на мерки.

 

03.02.2024 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега