Групата одговорна за нападот во Москва се обидела да изврши акции и на француска територија
Русија е жртва на исламистички напад, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
Групата одговорна за нападот во Москва неколку пати се обидела да изврши акции на француска територија, посочи Макрон.
– Им предложивме на руските служби и на нашите партнери во регионот да ја зајакнат соработката, нагласи Макрон по пристигнувањето во Гвајана.
– Мораме да избегнеме секаква инструментализација или искривување на она што се случи и да дејствуваме прецизно и ефективно … Тоа е духот во кој одиме напред, и се надевам дека Русија ќе го стори истото, изјави Макрон откако неговиот руски колега Владимир Путин ја обвини Украина.
Француската влада го подигна степенот на тревогата за тероризам на највисоко ниво по нападот во Москва.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа