Хамас до жителите на израелскиот град: Напуштете го до 17 часот

 

Вооруженото крило на Хамас ги предупреди жителите на големиот израелски град Ашкелон да го напуштат пред 17 часот.

„Како одговор на злосторствата на непријателот за раселување на нашиот народ и принудување да ги напуштат своите домови во неколку области на Појасот Газа, им даваме рок на жителите на окупираниот град Ашкелон да заминат пред 17 часот вечерва“, изјави Ал Камас од Хамас.

Тие ова предупредување го објавија на социјалните мрежи.

Ашкелон е град на југот на Израел, северно од Појасот Газа.

10.10.2023 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега