Хари ќе присуствува на крунисувањето на својот татко без Меган
Принцот Хари ќе биде без сопругата Меган кога ќе се врати во Велика Британија за крунисувањето на својот татко како крал Чарлс Трети.
Меган Маркл нема да присуствува на крунисувањето. Таа ќе остане во САД со нивните деца, соопшти Бакингемската палата во средата.
Повеќе медиуми ја пренесоа веста неколку часа по објавата.
Имтијаз Тјаб разговараше со кралската уредничка на „Сандеј тајмс“, Роја Никха, која вели дека ова ќе ја задоволи Бакингемската палата, која нема да сака парот да го засени големиот ден.
Крунисувањето ќе се одржи на 6 мај.
Британското кралско домаќинство преку кратко соопштение го потврди присуството на војводата од Сасекс на настанот на 6 мај во Вестминстерската опатија.
„На настанот ќе присуствуваат околу 6.000 гости. Војводата од Сасекс ќе сам, бидејќи војвоткатаќе остане во Калифорнија со принцот Арчи и принцезата Лилибет,“ гласи соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа