Хеликоптер ја надлетува локацијата кадешто исчезна Данка


Хеликоптери ја надлетуваат локацијата во Бањско Поле каде што исчезна двегодишната Данка од Србија. На терен се бројни припадници на полицијата.

Полицијата и спасувачите вчера го пребарале тунелот и подземните канали, а наводно, според информации на српските медиуми, планираат да го пребараат и блиското Борско езеро, но за тоа нема потврда.

Вчера полицијата ја однела мајката на Данка, Ивана на локацијата каде последен пат било видено девојчето за да може детално да ги реконструира нивните движења тој ден, додека денеска со хеликоптери на српската МУП се надгледува локацијата на исчезнувањето и околните шуми, пренесува Нова.рс.

Потрагата влезе во петтиот ден, но се уште нема никакви траги.

Деновиве полицијата, меѓу другото, разговараше со родителите, роднините и соседите во обид да нареди што повеќе парчиња во мозаикот на истрагата.

30.03.2024 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега