Хитот на Тоше крие морбидна вистина: Песната ја напишал затвореник кој служел казна за убиство

 

Регионот лиеше солзи на 16 октомври 2007 година, кога сите медиуми беа преплавени со веста дека Тоше Проески загинал во сообраќајна несреќа на автопат во Хрватска, а многумина не можеа да се помират со големата загуба ниту 14 години подоцна.

Неговиот живот и кариера често беа тема во медиумите, а некои детали се малку познати во јавноста.

Ретко кој знае дека една од омилените песни на Тоше која тој ја испеал е „Соба за тага“, а дека нејзе ја напишал еден затвореник кој отслужувал казна поради убиство на љубовникот на неговата сопруга. Песната ја посветил токму на неговата сопруга.

Тој текст подоцна стигнал до менаџерот на Тоше, кој му предложил на пејачот да го отпее. Како што пишуваат медиумите, авторот на овој текст не побарал никаков финансиски надомест, а единствено што побарал е посвета на оригиналниот албум кој го добил.

21.02.2022 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега