Подгответе ги чадорите: Ќе врне цела недела

 

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи.

Каско што најавуваат од УХМР, наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје, до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Од УХМР препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. 

22.04.2025 - 12:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега