Холандија ќе ѝ испорача на Украина 18 авиони „Ф16“

Холандија ќе ѝ испорача 18 борбени авиони „Ф16“ на Украина за да помогне во борбата против руската инвазија, соопшти денеска холандската влада.

„Денеска го информирав претседателот Зеленски за одлуката на нашата влада да ги подготви првите 18 борбени авиони ‘Ф16’ за испорака во Украина“, објави привремениот премиер Марк Руте на платформата Х.

„Испораката на ‘Ф16’ е еден од најважните елементи во склучените договори за воена поддршка на Украина“, додаде тој. Испораката на борбените авиони сè уште чека извозна дозвола од холандското Министерство за надворешни работи и исполнување на критериумите за персонал и инфраструктура во Украина, додаде Руте, без да прецизира временска рамка за овие одлуки.

„Разговарав со Марк Руте за да ѝ се заблагодарам на холандската влада за одлуката да почне со подготовка на првите 18 авиони ‘Ф16’ за испорака во Украина“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Х.

Во ноември Холандија ги испрати своите први „Ф16“ од американско производство во нов центар за обука на украински пилоти и персонал во Романија. Данска, Норвешка и Белгија најавија дека ќе ги испорачаат своите „Ф16“ на Украина откако американската влада одобри да ги испрати да се бранат од Русија веднаш штом ќе заврши обуката за пилоти.

22.12.2023 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега