Хорор во Будимпешта: Маж избоде тројца полицајци

Маж избодел тројца полицајци доцна синоќа во Будимпешта, а еден од полицајците подоцна починал во болница, јавува Ројтерс.

Осомничениот се обидел да влезе во стан во станбена зграда во Будимпешта кога била повикана полицијата.

Додека тројца полицајци се обидувале да го приведат, мажот ги избодел и се обидел да истрча на улицата, каде четвртиот полицаец му пукал во ногата.

На местото на настанот се собрала многу полиција, а унгарски „Индекс“ пренесува дека на местото на злосторството пристигнале најмалку триесет полициски автомобили.

13.01.2023 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега