Хорор во Њу Џерси: 14-годишник убил полицаец

 


Полицијата во Њуарк, Њу Џерси, приведе пет лица, меѓу кои и едно 14-годишно момче, кое се осомничени дека убил еден полицаец и ранил друг, соопштија денеска локалните власти.

Убиениот полицаец, 25-годишниот Џозеф Аскона, бил дел од разузнавачкиот тим на полициската управа во Њуарк и отишол да ги уапси осомничените во истрагата за нелегално оружје во петокот и бил застрелан додека се уште бил во неговото полициско возило.

„Немаше ни шанса да излезе од возилото пред да биде убиен“, изјави Емануел Миранда, директор за јавна безбедност во Њуарк.

Вториот полицаец, кој не е идентификуван, е хоспитализиран со повреди кои не се опасни по живот, соопштија властите.

Властите не го открија идентитетот на 14-годишниот осомничен, ниту на преостанатите четири лица во притвор.

09.03.2025 - 10:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега