Исчезнаа планинари во близина на границата меѓу Македонија и Косово

 


Вчера во 19.31 часот во Секторот за меѓународна полициска соработка, од Интерпол Германија е пријавено дека на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово  се изгубиле две лица- државјани на Сојузна Република Германија и  Кралство Холандија, кои планинареле во близина на граничната линија.

Известени се СВР Тетово, Центар за управување со кризи и Регионалниот центар за гранични работи Север.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.  

22.05.2025 - 15:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега