Хорор во Романија: Работник во болница пресекол цевка во близина на доводот за кислород и запалил пациент
Едно лице е тешко повредено во болница во Плоешти кога работник во топлана пресекол цевка во близина на доводот за кислород и предизвикал пожар.
Работникот дошол да работи на парното, а во еден момент влегол во собата за интензивна нега каде лежела жена зависна од кислород. Работникот користел алат за работа на цевки, настанале искри, а потоа експлозија и пожар.
„Болницата ангажираше и пожарникар да биде таму за време на работата. Реторичко прашање, но каде беше тој човек кога влегол работникот да ја пресече цевката“, изјави директорот на болницата Богдан Ница.
Од градот наведуваат дека не се работи за голема експлозија и дека истрагата за инцидентот е во тек.
Докторите притрчале да и помогнат на несреќната жена, која го изгаснала пожарот кој го зафатил креветот на кој таа лежела. Пациентката (83) со повеќе изгореници е префрлена на друго одделение каде и била оперирана. Според извештаите, таа добила изгореници на лицето и рамената.
Директорот на болницата рече дека ќе се утврдува кој и како згрешил.
„Сите ќе одговориме во согласност со нашите функции. Вклучувајќи го и пожарникарот кој е вработен во болницата и е задолжен да делува превентивно и да ги спречи ризиците по здравјето на пациентите и персоналот“, рече Нику.
Ова не е прв пат да се случи трагедија во оваа болница, медиумите потсетуваат на случај во ноември 2021 година, кога во болницата беа сместени пациенти со ковид, каде избувна пожар во кој две лица загинаа, а 16 беа тешко повредени.
Според тогашните изјави најверојатно искрата ја предизвикал вознемирен пациент кој го поместувал креветот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа