Хорор во станбена во Пробиштип: 38-годишник запалил стан на сограѓанин

 

Вчера во 11.45 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Ј.Ј.(38) од Пробиштип.

Тој се сомничи дека на 03.09.2024 околу 05.30 часот со запалива течност предизвикал пожар на влезната врата и предмети пред влезната врата од станот сопственост на Н.В.(46). Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од сопственикот.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.    

05.09.2024 - 15:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега