Хорор во училиште во Атина: Тинејџер со нож и чекан ги повредил директорот и еден ученик


19-годишно момче со чекан и нож, утрово упаднало во средно училиште во Атина и со нож ги повредил директорот и еден ученик, кои се пренесени во болница, а сторителот е уапсен, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, сторителот, со потекло од Грузија го нападнал ученикот со потекло од Нигерија, бидејќи бил во конфликт со неговиот брат, додека пак директорот настрадал во обид да го спречи, сега веќе уапсениот, 19-годишен.

26.03.2024 - 13:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега