Хорор во училиште во Виена: Ученик го избодел својот другар
Во средно училиште во Виена се случил инцидент, во кој 13-годишен ученик, по наставата, со ножици избол 12-годишен другар.
Двајцата го напуштале училиштето по часовите кога 13-годишникот го нападнал училишниот другар.
Според австриските медиуми, инцидентот се случил во петокот околу 13 часот во образовна институција во Пеларнштрасе и при нападот 13-годишникот користел тапи ножици.
На крвавиот настан му претходела жестока расправија меѓу другарите, која ескалирала кога тие излегувале од зградата.
Сè уште не е познат мотивот за нападот.
На повреденото момче веднаш му била укажана соодветна лекарска помош и било пренесено во болница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа