Хрват си ги фрлил четирите деца од тераса, а сега го стигна казна- познато колку години ќе помине во затвор

Хрватскиот врховен суд ја одби жалбата на одбраната и ја потврди единствената казна од 30 години затвор за таткото од Задар, за обид за убиство на неговите четири деца.

Тој ги фрли своите четири деца на возраст од три, пет, седум и осум години од терасата на куќата во која живееја.

Во утринските часови осудениот земал едно по едно дете од креветот во кој спиеле и ги фрлал од терасата висока околу пет метри. Децата се здобиле со тешки телесни повреди, а едно од нив имало повредни опасни по живот.

Смртта на децата беше избегната само со случајност.

Обвинетиот е прогласен за виновен со првостепената пресуда за четири кривични дела на тешки убиства во обид. Тој беше осуден на единствена казна затвор од 30 години, што го вклучува и времето поминато во затвор, каде што се наоѓа од крајот на февруари 2019 година.

Исто така, му беше наредено да се подложи на психијатриско лекување како дел од издржувањето на казната, пренесоа хрватските медиуми. Судот утврди дека дел од одговорноста за овој обид за четири убиства лежи во системот на социјална заштита.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2021 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега