Хрватска: Вработена во државна фирма добила отказ зашто пиела кафе на работа

 

Вработена и синдикална претставничка на позната државна компанија во Хрватска добила отказ бидејќи на работа пиела кафе во својата канцеларија.

Како што пренесуваат медиумите, таа 30 години работела во Хрватската агенција за комерцијална дејност – (АКД), компанија што произведува лични карти и пасоши, банкарски картички, сообраќајни дозволи, печати за цигари и алкохол и друга важна и доверлива документација.

Вработената, која била раководител на сектор, добила отказ бидејќи било снимено дека најмалку 20 пати пиела кафе и други пијалаци во просторија во која тоа е забрането.

АКД наведува дека забраната за консумирање храна и пијалаци во одделението е јасно означена на влезот во објектот.

Вработената се пожалила дека поради Ковид-10, работниците биле спречени да ги користат своите вообичаени места за кратки паузи и пушење цигари поради што пиеле уште повеќе кафе во фабриката.

Синдикатот на графичката индустрија одби да ја прифати смената на свој претставник, па целата работа заврши на суд.

„Станува збор за вработена, која во АКД работи 30 години, така што е барем хумано и коректно и од аспект на почитување на достоинството на работниците да ѝ се дозволи да ја изнесе својата одбрана, што не беше случај. Што се однесува до консумацијата на кафе и храна на работното место, поточно на работната маса, тоа е вообичаена практика во сите работни средини, а АКД не е исклучок. Притоа АКД се повикува на нормите за кои не ги известила работниците на пропишан начин, што би било ефективно, а не само формално“.

 
14.03.2023 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа