Хрватскиот Претседател на македонска страна: Членка на ЕУ и влегува на Македонија во интиимниот простор

 

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите на Северна Македонија во ЕУ.

По состанокот во Процесот „Брдо – Бриони“, Милановиќ оцени дека условите што се поставени пред Македонија за почеток на преговорите со Унијата се невозможни.

„Станува збор за невозможни услови што им се поставени за преговори со ЕУ и тие се однесуваат на содржината во учебниците по историја во Северна Македонија. Тоа што во моментот една членка на ЕУ го прави во Северна Македонија е навлегување во интимен простор. Се бара еден кандидат за време на преговорите за членството да ја дефинира својата национална генеза во учебниците по историја онака како што тоа го бара соседната држава. Тоа е влез во интимен простор и не треба да се случува“, рече Милановиќ додавајќи дека отворено ќе се спротивстави.

Според него, претседателските избори во Франција, кои ќе се одржат в година, ќе влијаат на сите земји во регионот кои се во претпристапни преговори со ЕУ.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2021 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега